Јурај Цинтула (71), атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фиц (59), веднаш по атентатот е уапсен, а набрзо се појави и видео со неговата изјава.
– Не се согласувам со политиката на владата – рече меѓу другото Цинтула по апсењето и додаде дека пред еден месец решил да го нападне Фицо.
Цинтула е писател и поддржувач на опозициската партија Прогресивна Словачка.
Автор е на збирка поезија и поранешен вработен во приватна компанија за обезбедување. Во 2016 година и самиот преживеа обид за атентат кога беше нападнат од алкохолизиран млад човек во трговски центар во градот Левице, пишува Актуелност.
Според неофицијални информации, Роберт Фицо бил застрелан во рацете и телото. По владината седница тој излезе во јавноста и беше застрелан од Јурај Цинтула, кој веднаш беше совладан и уапсен.
Словачките медиуми контактираа со синот на осомничениот за атентатот на Роберт Фицо. Тој потврди дека неговиот татко легално поседувал пиштол.
– Апсолутно немам поим каква намера имал татко ми, што планирал, зошто тоа се случило. Ќе ви го кажам ова: „Не гласаше за него, само тоа можам да кажам“ – рекол синот на напаѓачот на Фичо.