Милошоски бара ДУИ да премине во опозиција, го обвинува Ахмети за изборен инжинеринг

од Илинка Илиоска
441 прегледи

Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изрази став дека е време Демократската унија за интеграција (ДУИ) да премине во опозиција. Тој го критикуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обвинувањата за изборен инжинеринг, истакнувајќи дека самата ДУИ се обидела да манипулира со изборите преку бојкотирање на вториот круг од претседателските избори.

Милошоски исто така нагласи дека постојат индикации дека Ахмети во последно време е повеќе под влијание на одредени бизнис интереси во рамките на својата партија, отколку на оние членови кои се залагаат за умерена и традиционална политика.

„Да говори за изборен инжинеринг човек кој што на вториот круг на гласање за претседателските избори денот го започнаа како структура во ДУИ со организиран бојкот за да се наруши цензусот тоа е веќе изборен инжињеринг. Се гледа дека ДУИ веќе го изгуби компасот и очигледно е дека Ахмети веројатно во последните неколку години е повеќе под влијание на Артан Груби, Бујар Осамни и на некои други луѓе од тоа бизнис крило, отколку што е под влијание на порационалните луѓе во ДУИ кои што спроведуваат конвенционална политика“, рече Милошоски.

 

Слични содржини