📽️Косовската полиција објави колку пари запленила во експозитурите на „Поштенска штедилница“

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Околу 1,6 милиони евра, околу 74 милиони и 700 илјади динари, околу 19 илјада и 500 франци, околу 13 илјади американски долари, како и 40 австралиски долари и документација биле запленети вчера во сихронизираната акција на косовската полиција и косовската даночна служба на северот на Косово.

Истовремено затворени се 5 експозитури на банката „Поштенската штедилница“ и Управата на трезорот при Министерството на Република Србија.

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ потврдил дека станува збор за затворање на институциите на Република Србија на северот, а не само за „протерување на динарите“, окарактеризирајќи ја акцијата како насилна.

За разлика од неговото тврдење дека во „Поштенската штедилница“ и Трезорот не се пронајдени динари, косовската полиција го тврди спротивното, објавувајќи бројки за запленетите пари заедно со фотографии.

Во полициското соопштение се повторува дека „6 филијали на таканаречената „Поштенска штедилница“ на северот на земјата се затворени и од нив е отстранет службениот знак“, пишува „Коссев“.

Во прашање се пет филијали на банката „Поштенска штединица“ во Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, покрај главната филијала во Митровица, а шестата е Управата за финансии на Министерството за финансии на Република Србија во Косовска Митровица.

Во соопштението полицијата додава дека „сите полициски дејствија ќе се спроведуваат во соработка и координација со органите на прогонот“.

Слични содржини