Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60.090 денари, информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија.
Најголем дел од трошоците, односно 21.689 денари, според пресметките на ССМ, се даваат на храна и пијалаци, за облека и обувки на едно четиричлено семејство во мај му се потребни 4928 денари, а за режиски трошоци и станарина 6014 денари. За транспорт се двојат по 5020 денари од семејниот буџет.
Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75.465 денари.
Овие податоци можеме да ги споредиме со оние на Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на живот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0,7 %.