Мицкоски најавува засилена соработка на економско поле со Австрија

од Nikola Popovski
264 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска остварил средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Како што пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му се заблагодарил Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.

Според партијата, одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период.

-Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада, стои во соопштението.

Слични содржини