Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека украинската армија успеала да ги врати териториите претходно окупирани од руските војници во областа Харков на североистокот на земјата.
Во своето видео обраќање во петокот вечерта, Зеленски рекол дека „нашите војници успеале да ја преземат борбената контрола над граничната област каде што влегле руските окупатори“.
Коментарите на Зеленски се во спротивност со оние на руските власти. Членот на долниот дом на рускиот парламент, Виктор Водолацки, изјавил дека руските сили сега контролираат повеќе од половина од градот Вовчанск, пет километри во внатрешноста на границата, пренесе руската државна новинска агенција Тас.
Сепак, не може самостојно да се потврдат овие негови изјави. Водолацки, исто така, додал дека откако Вовчанск ќе биде заземен, а руските сили ќе се тргнат кон градовите Славјанск, Краматорск и Покровск во соседната област Доњецк.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека целта на руската војска е да создаде „тампон зона“ во регионот Харков за да ги спречи украинските прекугранични напади.
Градот Харков, кој е главен град на истоимениот регион, е на околу 20 километри од руската граница.