Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен

од Milan1
380 прегледи

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил “откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.

Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој што бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од Ковид и се лекувал во Клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на Ковид, продолжил да оди во Клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен, туку дека е измамен и оштетен дознал подоцна од медиумите и од обвинителството.

Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:

“Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците а не обратно! Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот а тврдат дека лично ги измамил”.

Нему лично хемофилтрација воопшто не му била понудена ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна.
Ни овој, како и претходните сведоци немал никаков контакт со д-р Митрев и не се познава лично.

Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ.
На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

Слични содржини