Имав реални проблеми со Договорот од Преспа што го склучи претходната влада, но го почитував, изјавил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој во поткастот на поранешниот портпарол на британската влада, Алистер Кембел и поранешниот државен секретар, Рори Стјуарт, зборувал за Договорот со кој се реши долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција.
На констатацијата на Кембел за земјите кои сакаат да влезат во ЕУ, но ја гледаат Грција како мала пречка, како што е Македонија и на прашањето каква е неговата визија за поширока Европа, Мицотакис посочил дека Грците се поборници и големи поддржувачи на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.
„Ја спомнавте Северна Македонија и промената на името. Повторувам, имав реални проблеми со Договорот од Преспа што го склучи претходната влада. Но, јас го почитував. Се обидовме да соработуваме со Северна Македонија, да им помогнеме на нивниот европскиот пат, но, за да ја доближиме до Европа, мора да го почитуваат европското правно законодавство и да постигнат напредок во прашањата поврзани со владеењето на правото“, рекол меѓу другото Мицотакис.