Ники Минаж „падна“ поради дрога во Амстердам, но не е единствената пејачка која полицијата ја запре надвор од САД: Во Москва оваа ѕвезда ја сметаa за проститутка

од Nikola Popovski
5,K прегледи

Американската раперка Ники Минаж го откажа концертот во Манчестер откако, како што наведе, била приведена на аеродромот во Амстердам под сомнение дека поседува „лесни дроги“. На видеото објавено на нејзината страница на „Инстаграм“, Минаж може да се слушне како разговара со полициски службеник на аеродромот кој ѝ објаснува дека мора да го провери целиот нејзин багаж.

Во полициските извештаи е потврдена локацијата и времето на инцидентот.

Минаж била приведена неколку часа пред почетокот на нејзиниот концерт, а камерите снимиле како публиката го напушта местото на настапот во Манчестер. „Ројтерс“ објави дека веста ги налутила фановите.

Холандската полиција потврди дека уапсила 41-годишна Американка, но одби да потврди дека станува збор за Ники Минаж.

„Никогаш не го потврдуваме идентитетот на приведеното лице, но можам да кажам дека уапсивме 41-годишна жена која е осомничена дека се обидела да извезе лесни дроги во друга земја, што е забрането“, рекол неименуваниот портпарол.

Раперката на мрежите напиша дека холандските власти на аеродромот пронашле канабис во багажот на нејзиниот телохранител.

Полицијата еднаш ја уапсила нејзината колешка – Лејди Гага, но затоа што полицијата во Москва мислела дека е проститутка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Лејди Гага била уапсена во Москва во 2009 година. Тогаш полицијата мислела дека се работи за руска проститутка, со оглед на тоа што Гага позирала полугола на Црвениот плоштад, една година откако станала позната.

Гага и Мадона исто така беа под истрага во 2013 година за доаѓање во Русија со погрешни визи. Освен визата, извештаите шпекулираат дека вистинскиот проблем со појавувањето на Гага и Мадона во Русија е што и двете отворено зборувале за правата на хомосексуалците на сцената. Виталиј Милонов, политичарот кој го напиша законот за забрана на геј-пропагандата, ги предводел напорите за казнување на пејачките.

Слични содржини