Малолетник осомничен за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ изведен пред судија

од Илинка Илиоска
440 прегледи

Малолетник (16) кој е еден од осомничените за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ, брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград, а неговиот распит започнал, пренесоа српските медиуми.

Полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград идентификуваше двајца малолетници кои се осомничени дека брутално го претепале 37 годишниот Мијатовиќ во паркот на Вождовац и како што се сомнева дека го удриле неколку пати во главата по што тој почина.

Уапсениот малолетник се товари за тешко убиство, а полицијата интензивно  трага по второосомничениот.

🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од хулиганите кои го претепаа братот на министерот Мијатовиќ

Слични содржини