На украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин му се слошило пред финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, објави весникот АС.
Според изворот, играчот вчера отсуствувал од тренинг поради треска и температура. Во меѓувреме, главниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, рече дека Лунин ќе може да се опорави до судирот за трофејот.
Лунин стана прв голман на Реал Мадрид во летото 2023 година, откако Белгиецот Тибо Куртоа ги скина вкрстените лигаменти на коленото на тренинг. Белгиецот пред еден месец се здоби со уште една повреда при што го оштети менискусот. За тоа време, Лос Бланкос со Украинецот на голот го освоија шпанскиот Суперкуп и стигнаа и до финалето на Лигата на шампионите.
Лунин му се приклучи на Реал Мадрид од Зорја Луганск во летото 2018 година.