На граничниот премин Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк

од Milan1
243 прегледи

Српските цариници на граничниот премин Прешево со Македонија спречија шверц на девет черепи и шест кожи на заштитени видови дивокоза и волк. Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.

Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови од дивокоза и два од волци.

Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.

Слични содржини