Берлинската полиција регистрирала 111 случаи на силување во кои биле вклучени повеќе сторители минатата година, соопштија градските власти во понеделникот како одговор на истрагата, според ДПА.
Ова е најмногу во последните неколку години, во кои опсегот бил 89-106 случаи на повеќекратно силување.
Меѓу тие 111 жртви, 18 биле на возраст од 14 до 15 години, а 10 биле на возраст од 16 до 17 години. Други 13 жртви на силување биле на возраст меѓу 18 и 20 години.
Идентификувани се 106 осомничени, од кои 25 малолетни и 28 на возраст меѓу 18 и 25 години.
Најмногу групни силувања, од кои 41, биле извршени во станови, а 16 во паркови.
Повеќе од половина од осомничените, 54 отсто од нив, биле странци. Ова е помалку од 65 од претходната година, додека учеството во 2021 и 2020 година изнесуваше 44 и 51 отсто.
Полицијата претпоставува дека значителен број жртви никогаш не пријавуваат силување, најмногу од срам или страв од сторителот.
Според тоа, криминалната статистика најмногу зависи од подготвеноста на жртвата да пријави силување, тврди Берлинскиот Сенат како одговор на прашањата на членовите на десничарската Алтернатива за Германија (AfD).
Во 2020 година домашната јавност беше згрозена од силувањето на 15-годишно девојче во парк во Хамбург. Судот осуди девет сторители на затворски казни, иако некои поднесоа жалба.
Тројца мажи неодамна беа обвинети во Берлин за наводно групно силување, исто така во парк. Според обвинението, тие минатата година нападнале брачна двојка и ја силувале тогашната 27-годишна жена.
Судот го одложи почетокот на процесот бидејќи жртвата не се појави на судењето.