Роберт де Ниро: Трамп е кловн кој може да стане тиранин

од Milan1
289 прегледи

Познатиот американски актер Роберт де Ниро денеска се појави во близина на судот во Њујорк за јавно да го нападне кандидатот за претседателските избори, републиканецот Доналд Трамп, за кого рече дека е „кловн кој може да стане тиранин“.

Актерот кој го поддржува актуелниот, демократски претседател Џозеф Бајден изјави дека Њујорк е „неговото место“.

„Го сакам овој град, не сакам да го уништам. Доналд Трамп не само што сака да го уништи овој град, туку и земјата и, на крајот на краиштата, може да го уништи светот“, изјави Де Ниро, долгогодишен противник на поранешниот републикански претседател.

Обраќањето на Де Ниро всушност беше организирано од предизборниот тим на демократскиот претседател Бајден, додека во исто време, чекор понатаму, Трамп ги слушаше своите адвокати кои се залагаат за ослободителна пресуда во кривичната постапка против него.

Слични содржини