294
После Андреј Петров, критики кон пратениците на СДСМ поради тоа што денес не беа активни во Собраните упати и Стефан Богоев.
„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се бира претседател на Собрание.
СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го превземат опозицискиот простор!“, објави Богоев на „Фејсбук“.