Петров: Aко некој се реши да биде врховен судија не може да зема мито

од Milan1
382 прегледи

Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ, истакна дека новата Влада ќе ја има поддршката од СДСМ во борбата против корупцијата доколку се спроведува законски. Тој ја пофали акцијата на МВР при која беше уапсен врховен судија.

– Идната Влада има целосна поддршка од СДСМ енергично да се борат против корупцијата и да апсат се што е криминално, ама по закон. Им честитам за акцијата што ја направија за корупцијата на високо ниво, тоа е нешто што така треба да биде и да личи. Значи ако некој се реши да биде врховен судија не може да зема мито, рече тој. Имаат и поддршка за сите работи кои што не беа како што треба да ги поправат, истакна Андреј Петров во емисијата „24 Отворено“ на 24 ТВ.

Слични содржини