Ужас: Дете вперило „калашников“ во НБА ѕвезда

од Nikola Popovski
773 прегледи

Кошаркарот на Феникс Санс, Ајзеја Томас откри дека во него била вперена автоматска пушка. Како што информира, едно дете го пресретнало него и неговите пријатели на улица во Бостон и во нив вперило АК-47, попозната како „калашников“.

За среќа детето го препознало и решило да не пука.

Томас веќе ја заврши сезоната во НБА лигата. Неговите Феникс Санс беа елиминирани во првата рунда од плеј-офот.

Од нив подобри беа Минесота Тимбервулс и победија со 4:0 во серијата.