Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера во Лисабон ја предупредил меѓународната заедница дека е важно да не се уморува од војната во Украина и да не верува во лагите што ги шири Москва.
„За Украинците е многу важно светот да не се измори од оваа војна која трае повеќе од две години пред вратата на Европската унија“, речкол Зеленски на прес-конференција во Лисабон.
„Во спротивно, нема да има правда, а светот ќе го сменат луѓе како (рускиот претседател Владимир) Путин. Досега Украина успеваше да ја одржи светската солидарност“, кажа Зеленски и додал дека нејзиното одржување е многу тешко.
Според него, Русија се обидува да ја поткопа меѓународната поддршка за Киев, особено со помош на кампањи за дезинформација.
„Тие (Русите) се многу силни во однос на дезинформациите“, констатирал Зеленски, повикувајќи дека „не треба да им се верува на лагите што ги шири Русија“.