Сити е заинтересиран за Педро Нето

од Vladimir Zorba
832 прегледи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е заинтересиран за ѕвездата на Вулверхемптон, Педро Нето. Португалскиот интернационалец е еден од четворицата играчи на „Волците“ кои летово можат да си заминат со прилично голема сума за трансфер. Од централата на „волците“ ги бараат сите можни начини да обезбедат свежи пари, поради лошата финансиска состојба во клубот.

И самиот Педро Нето е заинтересиран за промена на сцената, а понудата од англискиот шампион би значела дека трансферот е речиси сигурен. Гвардиола е уверен дека Португалецот има што да им даде на „граѓаните“ и би го подигнал нивото на составот во следната кампања.

По одличната сезона за Вулверхемптон, Нето сака да се пресели во тим кој има поголеми амбиции и следната сезона да игра во Лигата на шампионите.