Дачиќ по тешката сообраќајка во која се повредени 37 лица: Возачот на автомобилот најверојатно влегол во погрешна лента

од Илинка Илиоска
423 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, зборуваше за тешката сообраќајна несреќа во која беа повредени 37 лица, што се случи утринава во Младеновац и изјави дека уште еднаш апелира до учесниците во сообраќајот да бидат многу внимателни. Тој додаде дека постојат можности возачот на спортското возило да е виновен за несреќата и дека најверојатно влегол во погрешна лента.

Дачиќ рече дека постои сомневање дека возачот директно удрил во автобусот во Младеновац.

– Уште еднаш би сакал да апелирам до сите учесници во сообраќајот навистина да бидат многу, многу внимателни. И еве, според пријавите што ги добив од сообраќајната полиција, се уште се врши истрага, но се чини дека за несреќата всушност е виновен возачот на спортскиот автомобил и што извртел на погрешна лента и удрил во автобусот директно, лента која оди во спротивната насока“ рече министерот.

Тој додаде дека ова се моменталните информации што ги добил од полицијата, но истрагата е во тек.

– Но, уште еднаш велам, јас секогаш кога ви давам информации, морам да кажам дека тоа е информација што сега ја добивам од полицијата, дали истрагата ќе покаже така или не, не знам – рече Дачиќ и додаде дека на патиштата во Србија веќе неколку дена се спроведува зголемена контрола на сообраќајот.

Тешката сообраќајна несреќа се случи утринава кај Младеновац, а возачот на автомобилот загина на лице место, додека 37 лица се повредени. Директниот судир се случил утрово во 5 часот и 40 минути.

Предниот дел од автобусот, како и патничкото возило биле целосно згмечени, а делови биле расфрлани по целиот коловоз.

Слични содржини