Ова е Adamastor Furia, опишан како првиот португалски суперавтомобил и е достапен по цена од 1,6 милиони евра (без данок).
Furia користи 3,5-литарски твин-турбо V6 на Ford кој испорачува околу 650 КС и 570 Nm вртежен момент. Благодарение на шасијата од јаглеродни влакна, тежи околу 1100 kg, без течности.
Максималната брзина е повеќе од 300 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h трае околу 3,5 секунди.
Како што се наведува, серијата ќе биде ограничена на само 60 примероци, при што компанијата вели дека сака да им конкурира на „Aston Martin и моделот Valkyrie, но и на брендовите како Pagani, Koenigsegg, Rimac“.
Adamastor е со седиште северно од Порто и моментално произведува тела и резервоари за гориво од јаглеродни влакна, како и други делови од јаглерод за голем број клиенти. Уште во 2018 година, ги откри плановите за спортски автомобил наречен P003RL, но сега одлучи дека растечкиот пазар на суперавтомобили е местото каде што сака да се натпреварува.