432
Поранешниот претседател на Албанија и претседател на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на новата функција на новиот претседател на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши.
Мета преку објава на Фејсбук порача дека е уверен дека со своето парламентарно искуство Гаши ќе докаже сеопфатно и кооперативно лидерство, без разлика на етнички или политички разлики.
„Албанците, како државотворен фактор, јасно ориентирани од ЕУ и НАТО, имаат клучна улога за меѓуетничката хармонија, стабилноста и европската иднина на Северна Македонија“, пишува Мета.
Понатаму, тој додаде, дека Гаши како претседател на Собранието ќе ги гарантира правата на опозицијата во Собранието и нејзиното целосно учество во институционалниот и демократскиот живот.