Беџети: Курти сака да го поврзе интересот на Самоопределување со ВЛЕН, а не со Албанците во Македонија

од Nikola Popovski
432 прегледи

Универзитетиот професор од Тетово, Нури Беџети смета дека премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовското Собрание, Гљаук Коњуфца им нанеле голема штета на Албанците во Македонија, пренесува приштинска „Коха“.

Беџети истакнал дека целта на Курти е да го поврзе интересот на неговата партија со интересот на коалицијата ВЛЕН, а не со интересот на сите Албанци во Македонија.

„Мораме да правиме разлика меѓу партиски и државни интереси. Институционалните лидери на Косово, како Коњуфца и Курти, направија голема штета на Албанците од Македонија. Зошто не и другите малцинства? Тоа би била најдобрата проевропска и прозападна порака од елитата што доаѓа во Северна Македонија. Господинот Курти не го направи тоа, тој имаше и има за цел да го поврзе интересот на партијата, организацијата што ја води со интересот на ВЛЕН, а не со сите Албанци“, рекол тој.

Беџети додал дека коалицијата е слична на сегашните институционални лидери на Косово.

„Актуелните претставници на косовските институции, вклучително и претседателот, премиерот и претседателот на парламентот, кога беа во опозиција, на средби со меѓународни претставници во Косово или надвор од Косово, рекоа дека ќе ги решат сите проблеми што се акумулираа во Косово. Веќе е последната година од мандатот и се уште прашуваме дали е решен фундаменталниот проблем што го има Косово со Србија 10 години“, прашал историчарот.

Слични содржини