Кумановскиот општински штаб за заштита и спасување ги информира граѓаните дека е укината забраната за водата за пиење.
По извршениот инспекциски контролен надзор и по добиените резултати од ЦЈЗ – Куманово од испитаните примероци на вода, последователно од 25.05.2024, 26.05.2024 и 27.05.2024, констатирано е дека истите одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри и согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење, издаденото Решение за забрана на водата за пиење е укинато.
Укината е забраната и таа може да се консумира, потврдија и од Агенцијата за храна и ветеринарство, откако ги добија резултатите од Центарот за јавно здравје.
Согласно програмата, центарот продолжува водата од филтер станицата да ја проверува еднаш неделно. Заматената вода во липковската брана појаснуваат се јави по големото невреме.