ЛАВРОВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА АМЕРИКА И НА НАТО: Нашиот потег малку ќе ги вразуми

од Илинка Илиоска
457 прегледи

Кина би можела да организира мировна конференција на која би учествувале Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.

– Го делиме ставот на Кина дека треба да се решат примарните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква безбедност – рече Лавров.

– Да потенцирам уште еднаш, тоа подразбира почитување на реалноста на терен, која ја отсликува волјата на луѓето што живеат таму – додаде тој.

Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат територијалните придобивки во Украина.

Киев ги отфрли тие предлози. Лавров ги критикуваше САД дека и помагаат на Украина, велејќи дека Вашингтон станал „учесник во злосторствата на режимот во Киев“.

Тој исто така рече дека Русија ја смета планираната испорака на борбени авиони Ф-16, наводно со нуклеарно оружје, како „сигнална акција“ на НАТО.

– Се обидуваат да ни кажат дека САД и НАТО нема да запрат пред ништо во Украина – рече Лавров.

– Сепак, се надеваме дека руско-белоруските вежби посветени на употребата на нестратешко нуклеарно оружје ќе ги натераат нашите противници малку подобро да разберат и да ги видат катастрофалните последици од понатамошната нуклеарна ескалација – додаде тој.

На Блискиот Исток, рече Лавров, САД исто така „го подгреваат огнот на конфликтот“.

Слични содржини