Не ни паѓаше на памет да го повториме „27 април“, рече Костадиновска Стојчевска за заклетвата на Гаши дадена прво на албански јазик

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Кога претседавачката на Собранието прва почна да ја чита заклетвата на албански јазик, реагиравме со механизам кој што во тој момент е дозволен во Собранието. За да појаснам во однос на критиките, во тој момент немаме право да се пријавуваме за збор, ниту процедурално, затоа што во тој момент имаме само политички претставници на партиите, пратеничките групи не се формирани и немаме координатор на пратеничка група. Не можевме да го спречиме во тој момент, во однос на давањето на заклетвата и читањето прво на албански јазик. Не ни паѓаше на крај на памет да го повториме „27 април“, ниту да попречиме било каков процес, изјави пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување, Бисера Костадиновска-Стојчевска за заклетвата на новиот претседател на Собранието, Африм Гаши.

Костадиновска Стојчевска замерува поради обвинувањата дека „седум години биле робови и дека државата ја дале да ја води некој друг“.

-Имавме претседател на Собрание (Талат Џафери) кој што заклетвата ја даваше на македонски јазик. Во тие моменти покажа дека го почитува Уставот и употребата на службениот јазик кај мнозинството од граѓаните, кажа пратеничката во емисијата „Слободен печат“, согласувајќи дека молкот на 18 пратеници е помал од молкот од 76 пратеници од новото мнозинство.

-Нашиот молк не треба да биде протоколкуван дека сакавме да молчиме или дека соработуваме со нив. Гласната критика за молкот дојде од 99% од луѓе кои 100% партиципираа во власта. Мислам дека пред да се избрза со било каква критика, треба да се биде самокритичен, истакна министерката во заминување.

Според Костадиновска Стојчевска, луѓето кои што ги гласале не им дале доверба да молчат, туку им дале доверба за да покажат „дека оваа власт се што вети во изборниот период, нема капацитет да го оствари, туку се е гол популизам“.

Слични содржини