Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи му се заблагодари на Килијан Мбапе за се што напаѓачот направил за клубот.
Во вторникот, капитенот на Франција ја освои наградата на „Глоуб Сокер“ наградите за најдобар фудбалер во Европа. Честитките на Ал-Хелаифи доаѓаат во време на тензии меѓу двојката зад сцената, при што се очекува Мбапе да биде претставен како играч на Реал Мадрид во рок од неколку дена, а Парижаните одбија да ја платат априлската плата и бонуси на играчот.
Во моментов адвокатите на двете страни ја составуваат документацијата околу заминувањето на играчот.
„Му посакувам се најдобро. Седум години правеше извонредни работи за нас. Имаше 18 години кога пристигна во тимот и сега е големо момче кое е најдобриот играч на светот. Сакаше промена, да оди на друго место, во друго првенство, да има нови искуства и го има тоа право“, изјави Ал-Хелаифи за симболот на ПСЖ во ерата на катарците на „Паркот на принцовите“.