Во Германија минатата година 2.227 луѓе починале како последица на земање дрога, 237 повеќе отколку во 2022 година и генерално повеќе од кога било досега, објави во средата државниот комесар за наркотици Буркхарт Блиернерт, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Посебно е видлив порастот на смртните случаи поврзани со кокаин и крек, од 507 на 610, но хероинот и понатаму е водечка причина со 712 смртни случаи, по 742 претходната година.
Минатата година неколку лица починаа поради употреба на мешавина од забранети материи.
Блиернерт ги опиша податоците како застрашувачки, бидејќи околу двојно повеќе луѓе починале од употреба на дрога отколку 10 години порано. Корисниците очигледно „сè почесто мешаат супстанции и има сè помоќни супстанции на пазарот“, рече тој.