Сиљановска Давкова: Ќе работам на унапредување на односите со Србија и проширување на соработката

од Nikola Popovski
410 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја потврди определбата на македонската страна за унапредување на односите со Србија, преку отворен дијалог за сите прашања од взаемен интерес.

Ова, како што соопшти Кабинетот на претседателката, Силјановска Давкова го изјавила на средбата со амбасадорката на Србија во Скопје, Невена Јовановиќ, на која се разговарало за севкупните билатерални односи на двете земји.

Сиљановска Давкова истакнала дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, како и неговата европска интеграција зависат, меѓу другото, од нашите добри билатерални односи и потенцирала дека ќе работи на продлабочување на тие односи, проширување на соработката, зајакнување на меѓусебната доверба, разбирање и добрососедство“, пишува во соопштението од таа средба.

Претседателката и амбасадорката размениле мислења и информации за актуелната состојба во регионот во контекст на неговата европска перспектива.

„Амбасадорот Јовановиќ упати честитка до претседателката Сиљановска Давкова по повод преземањето на функцијата“, се додава во соопштението на Кабинетот на претседателката.

Слични содржини