ЦО на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите

од Milan1
448 прегледи

Либерално-демократската партија ја известува јавноста дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор. Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.

Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.

За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Слични содржини