Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова ги демантираше информациите дека партијата размислува да се приклони кон власта. Tаа рече дека засега ќе делуваат независно и дека ќе дадат поддршка на оние закони кои се да добробит на општеството.
– Партијата ги демантираше ваквите шпекулации уште пред конститутивната седница во Собранието. Денес ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша гласот на членството, каде тие сметаат дека ЛДП треба да дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дојствува независно и како и досега ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски, добри закони кои овозможуваат напредок на општеството, но ќе биде и критичар на она што значи недобра политика за државата или граѓаните. Не може ЛДП да не даде поддршка на она што значи кратење на одредени органи од јавната управа или реорганизација, нешто што и самата го ставила во програма, рече Зајкова пред почетокот на денешната седница на Централниот одбор на партијата.