Османи се сретна со Блинкен: Благодарност за поддршката од САД за реформските процеси и борбата против корупцијата

од Nikola Popovski
990 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретнал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.

Станало збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифирал за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

“Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот”, нагласил Османи, соопштуваат од МНР.

Воедно, Османи се заблагодарил за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласил и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 г.

-Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ, велат од МНР.

Слични содржини