Лани 307 млади на возраст од 14 до 18 години биле осудени поради судир со законот

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители
во 2023 година, во споредба со 2022 година, е намален за 6.9 %.

Пријавени се 433 деца во судир со законот,  при што во 287 случаи е поднесен предлог за изрекување казна/мерка, за 110 не е поведена постапка, а за 36 е запрена постапката.

Вкупно се осудени 307 деца на возраст од 14 до 18 години, од кои 120 за кривични дела против имотот, 70 за кривични дела против јавниот ред, 43 за кривични дела против животот и телото, 37 за кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај…

Во наведениот период, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 16 %, а бројот на обвинетите лица е
намален за 15.8 %.

Во 2023 година во однос на 2022 година, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични
дела е намален за 8.5 %, а бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за
17.2 %.

Слични содржини