„Мета“, матичната компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, наскоро ќе почне да користи јавни објави за развој и подобрување на системи за вештачка интелигенција /АИ/, информираат европските корисници.
Овој месец, се појави нова порака за европските корисници на мобилните апликации Инстаграм и Фејсбук, со која се информираат дека нивните јавни објави може да се користат за обука за вештачка интелигенција почнувајќи од 26 јуни.
Информациите што се користат може да вклучуваат објави, фотографии, натписи и пораки испратени преку вештачка интелигенција, но не и содржина на приватни пораки, соопшти службата за корисници на Инстаграм.
Мета минатата недела објави дека ќе започне да ги известува луѓето во Обединетото Кралство и ЕУ дека ќе користи „јавни информации споделени“ за услугите на компанијата „за развој и подобрување на вештачката интелигенција во рамките на Мета и во рамките на нејзините регулативи за приватност“.
Компанија или организација може да обработува лични податоци кога има основи за „легитимен интерес“, според Општата регулатива за заштита на податоците во ЕУ, објави „Еуроњуз“.
„Мета“ укажа на оваа правна основа и додаде дека податоците ќе се користат „за развој и подобрување на вештачката интелигенција“.