Дури и ако оди во затвор, Трамп може да се кандидира, но не може да гласа

од Milan1
711 прегледи

Доналд Трамп е првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Поротата од 12 судии во Њујорк го прогласи за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги за прикривање на корупциска шема пред изборите во 2016 година.

Сега, во единствената позиција на поранешен претседател и актуелен претседателски кандидат кој е осуден за кривично дело казниво до 20 години затвор, Трамп сè уште има право на жалба и врие од гнев.

„Ова е срамота, ова е монтиран процес, а судијата е корумпиран. Вистинската пресуда ќе се види на 5 ноември. На сите им е јасно што се случи овде. Државниот обвинител е платеник на Сорос. Ние не направивме ништо лошо. Јас сум невин човек“, изјави синоќа Трамп.

Судијата Хуан Меркан ќе ја објави казната на 11 јули во 10 часот, четири дена пред републиканците официјално да ја објават претседателската кандидатура на Трамп.

Дали пресудата ќе влијае на таа одлука? Сè уште малку веројатно.