Таксист од Скопје починал од срцев удар додека превезувал патник

од Vladimir Zorba
926 прегледи

Таксист од Скопје вчера починал од срцев удар додека превезувал патник на булевар „Словенечка“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на таксистот му се слошило, излетал од коловозот и удрил во дрво.

– На 31.05.2024 во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво, стои во соопштението од МВР.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини