Откриена платата на Ханзи Флик во Барселона

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Ханзи Флик го презеде кормилото на Барселона, наследувајќи го Чави Ернандез. Колкава ќе биде платата на 59-годишниот стручњак откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.

Новиот тренер на Каталонците ќе добива меѓу 9 и 11 милиони евра бруто по сезона. Покрај оваа сума предвидени се и бонуси за постигнување одредени цели и освојување трофеи.

Во исто време Барселона ги продолжува преговорите со Хајко Вестерман. Поранешниот дефанзивец го бара Ханзи Флик за помошник тренер.

Слични содржини