Советник на Нетанјаху: Израел го прифати планот претставен од Бајден

од Vladimir Zorba
546 прегледи

Главниот советник за надворешна политика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Офир Фалк денеска потврди дека Израел го прифатил планот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Тоа (планот) не е добра зделка, но ние многу сакаме ослободување на заложниците“, рече Фалк во интервју за Сандеј Тајмс, според Ројтерс.

Тој истакна дека условите на Израел за „ослободување на заложниците и уништување на Хамас како геноцидна терористичка организација“ не се променети и дека нема да има траен прекин на огнот додека не се исполнат.

Слични содржини