Warner Bros. работи на телевизиска серија „300“

од Vladimir Zorba
33,4K прегледи

Warner Bros. работат на телевизиска серија инспирирана од историскиот акционен филм „300“ од 2006 година, потврди Variety.

Иако заплетот сè уште не и е познат на јавноста бидејќи проектот е во рана фаза на развој, претстојната серија треба да биде приквел на популарниот филм од 2006 година. Зак Снајдер, режисер на оригиналниот филм, ќе биде извршен продуцент и режисер на серијата.

Филмот „300“ е инспириран од истоимениот графички роман од 1998 година, напишан од Френк Милер и Лин Варли. Заплетот е инспириран од вистински историски настани и го следи спартанскиот крал Леонидас, кој со елитна група војници се обидува да ја спречи многу поголемата војска на персискиот владетел Ксеркс Први.

Филмот беше огромен хит, заработи повеќе од 450 милиони долари ширум светот и остави неизбришлива трага во популарната култура. Актерската екипа ја сочинуваа Џерард Батлер, Лена Хеди, Дејвид Венам, Доминик Вест, Винсент Реган, Том Виздом и Мајкл Фасбендер.

Неговото продолжение 300: Rise of an Empire од 2014 година го режираше Ноам Муро. Иако филмот беше финансиски успех, тој не ја достигна славата на својот претходник.

Претстојната серија ќе ја продуцираат Дебора Снајдер, Весли Колер, Џани Нунари, Марк Кантон и Берни Голдман.

Слични содржини