548
Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28-ми мај, на министерката за одбрана Славјанка Петровска ѝ заврши функцијата.
До изборот на нов министер, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик-министерот Тирон Јајага.
Јајага беше дел од коалицијата Европски фронт на последните избори. Тој е магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот на Кент во Брисел, огранок на „University of Kent – Canterbury“, Велика Британија. Има четиринаесетгодишно работно искуство во јавниот сектор, од кои над 10 години минати на работни позиции во Министерството за одбрана.