Компанијата „Мета“ започна со тестирање на функцијата наречена „Ad Break“. Ќе воведе реклами кои не се прескокнуваат, со времетраење од три до пет секунди.
„Ad Breaks се нов начин за прикажување реклами на Instagram. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината“, стои во описот на оваа функција објаснет од порталот Neowin.
Иако технолошките фирми како „Мета“ долго време се потпираат на рекламите како главен извор на приходи, неизбежните реклами се контроверзна „услуга“ за многу корисници.
Последните напори на Инстаграм предизвикаа критики на социјалните мрежи како Reddit и Х.
„Наскоро (задолжителни реклами) доаѓаат на сите платформи. Ова ќе ми биде последната капка кога станува збор за Инстаграм. Можев да се справам со еден куп реклами расфрлани низ апликацијата, но задолжителни реклами?“, пишуваат дел од корисниците.
Функцијата Ad Breaks се чини дека е достапна за мал број корисници во моментов, а Instagram тестира како луѓето реагираат на новиот формат на реклами.
Сè уште нема официјална потврда од компанијата кога (или дали) задолжителните реклами ќе бидат објавени на Инстаграм во поголем обем.