Сиљановска-Давкова до Ахмети: Опасно е секогаш да се биде на власт

од Milan1
2,6K прегледи

Еден победник има на изборите. Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на ДУИ дека им е одземен „легитимитетот“.

Претседателката му испрати порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е опасно е да се биде секогаш на власт, затоа што власта оптоварува.

Таа истакна дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Слични содржини