Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека одлучил да го отпушти тренерот Чави Ернандез, откако поранешниот играч од средниот ред изрази сомнеж за тимот.
Чави, кој се приклучи на Барселона со тригодишен договор кога Холанѓанецот Роналд Куман си замина во 2021 година, ги предводеше Каталонците до нивната 27. шампионска титула минатата сезона.
44-годишниот беше отпуштен минатиот месец, само неколку недели откако клубот објави дека нивниот поранешен капитен ќе ја одработи последната година од договорот и ќе ги води следната сезона.
„Чави направи добра работа, го презеде тимот во тешко време, лани ги освоивме лигата и Суперкупот, но оваа година работите не функционираа“, изјави Лапорта за Barca One.
„Во февруари ја прифатив неговата одлука да си замине во јуни бидејќи тоа ни помогна итно да не бараме замена. Потоа се премисли и побара да останеме… Чави е легенда и неговиот ентузијазам не натера да одлучиме да продолжи со нас. Кога се предомисли, го прашав: „Дали веруваш во тимот, тој ми рече „Да“. Тој рече дека верува во овој тим. Но, потоа имаше коментари во кои тој го промени својот дискурс по разговорите со спортскиот директор Деко во врска со потребните промени во тимот. Ме натера да размислам повторно и решив дека Ханзи Флик може да го извлече најдоброто од овој тим“, прокоментира Лапорта.