Кинескиот град Гуангжу инвестира 1,29 милијарди евра во инфраструктура за летечки такси

од Vladimir Zorba
39,9K прегледи

До 2027 година, кинескиот град Гуангжу ќе инвестира повеќе од 10 милијарди јуани, или околу 1,29 милијарди евра, во таканаречениот сектор „економија на ниски височини“, односно во пилотирани и автономни цивилни авиони кои летаат на височини до 3.000 метри.

Меѓу другото, парите ќе бидат инвестирани во изградба на повеќе од 100 места за полетување и слетување на летечки такси, а планот е да се изгради аеродром со писта што ќе биде пократка од оние на цивилните аеродроми, пренесe Nikei.

Според агенцијата, плановите ги одржуваат високите очекувања на Пекинг за развој на нов сектор кој сака на овој начин да ја стимулира кинеската економија.

Слични содржини