Манчестер Јунајтед упатил понуда во висина од околу 60 милиони евра за талентираниот централен дефанзивец на Лил, Лени Јоро, објави „Марка“ 18-годишниот Французин е на мета и на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.
Според изданието, од „Сантијаго Бернабеу“ ги известиле играчот и неговиот агент дека ќе мора да бидат трпеливи и да почекаат малку, бидејќи биле убедени дека самиот Јоро сака да игра за кралскиот клуб.
Сепак, сега големо прашање е дали Реал е подготвен да понуди повеќе од Јунајтед.
Јоро пред неколку дена во живо го следеше финалето во Лигата на шампионите, а уште тогаш во англиските медиуми се појави информација дека покрај мечот на „Вембли“ имал средба и со претставници на Манчестер Јунајтед.
18-годишниот Јоро минатата сезона одигра вкупно 44 натпревари за Лил.
Јунајтед мора да потпише барем со еден нов централен дефанзивец ова лето. „Црвените ѓаволи“ веќе објавија дека се разделуваат со Рафаел Варан, а неизвесна е и иднината на ветеранот Џони Еванс и поранешниот капитен Хари Мегваер, иако денеска од „Олд Трафорд“ објавија дека се во преговори со првиот за нов договор.
Во последните недели, шампионот на Англија до 20 години беше поврзуван со Гонзало Инасио, Џарад Брантвејт и Трево Чалоба.