Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар на Владата, Христијан Мицкоски денеска со став по вчерашното соопштение од Министерството за правда и министерот Кренар Лога.
-Ќе направиме „упад“ кај малкумина партизирани обвнители и судии кои влијаат негативно врз нивните колеги кои си ја вршат работата согласно закон и Устав. Господинот Лога, но и останатите од претходната власт, имаа можност речиси седум години да го реформираат судскиот и обвинителскиот систем и да го направат двоцифрен процентот на доверба, изјави денес Мицкоски по вчерашното писмо на министерот во правда во заминување до меѓународниот фактор околу распуштањето на Судскиот и Советот на јавни обвинители.
Лога се пожали до меѓународните институции, испраќајќи писма, наведувајќи дека парламентарното мнозинство на тој начин подготвува „упад“ во правосудниот систем. Неговите поплаки и сомнежи ги преточи во писмо кое го испратил до Брисел, Вашингтон и амбасадорите за најавите за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Лога изрази загриженост и во писмото напиша дека концентрацијата на законодавната, судската и извршната власт кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година.
Интересно за споменување е што Лога лани излезе со иницијатива за распуштање на сегашниот состав на Судскиот совет по контроверзните случувања во ова тело, но и по анкетата на ОБСЕ во којашто голем дел од судиите не веруваат независноста на Советот. За ова, во јуни 2023 година, рече дека разговарал со и со власта и со политичките партии.