Курти: Мораме да создадеме такви воени капацитети за да го направиме безуспешен нападот на Србија

од Nikola Popovski
896 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјавил дека Косово нема намера да гради армија „поголема или помоќна од Србија“, но мора да изгради такви воени капацитети и способности за „да го направи безуспешен нападот на Србија“.

Во изјава за албанската „А2 CNN“, тој истакнал дека Косово мора да биде „претпазливо бидејќи постојаната опасност од Србија и понатаму е присутна“.

Косовските претставници, почнувајќи од претседателката Вјоса Османи, премиерот Курти и мнозинството министри во Владата на Косово секојдневно предупредуваат за опасноста од напади од Србија, објаснувајќи ја со „голем број луѓе и оружје во непосредна близина на преминот (административна линија) меѓу Косово и Србија“, пишуваат дел од српските медиуми.

Слични содржини