41,5K
Британскиот принц од Велс Вилијам изјави дека на неговата сопруга, принцезата Кејт се чувствува подобро и дека би сакала да биде присутна на комеморацијата на Денот Д – годишнината од слетувањето на сојузничките трупи во Нормандија.
Тој го кажа ова во разговор со ветераните по комеморацијата на годишнината во Портсмут и додаде дека Кејт е се подобра, пренесува „Тајмс“.
Принцезата Кејт на крајот на март објави дека има рак, но ниту таа ниту кралската палата не појаснија за каков вид на рак се работи.
Кралската палата се уште не соопштила кога принцезата би можела да се врати на јавните обврски.
Постоеја шпекулации дека принцезата можеби е доволно добро за да учествува на воен настан во Лондон на 8 јуни.