Двегодишно момче загина, а мајка му е тешко повредена кога во средата торнадо собори дрво кое паднало врз нивната куќа во предградието на Детроит, Мичиген.
Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо собори дрво на куќа во Гајтерсбург во американската сојузна држава Мериленд, пренесе АП.
Детето починало на местото на настанот, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека 2-годишното бебе, кое било во креветче во посебна просторија, не е повредено и е пренесено во болница на евалуација, соопшти Противпожарниот шеф на Ливонија, Роберт Џонсон.
Officials in Maryland said they were working to rescue people trapped inside at least three collapsed structures after a tornado touched down on Wednesday in Montgomery County. Footage shows debris and sparks flying as strong winds hit Gaithersburg. https://t.co/EWF7sJcqMd pic.twitter.com/onGOcSZcMn
— ABC News (@ABC) June 6, 2024
Официјални лица на Ливонија објавија на веб-страницата на градот дека торнадо зафати неколку населби во градот во средата попладне.
Националната метеоролошка служба во Детроит објави на платформата X во средата вечерта дека торнадо со максимална брзина од 153 километри на час допре во Ливонија, корнејќи дрвја и оштетувајќи некои домови.
Предупредувања за торнадо беа издадени и во средата навечер во американската држава Делавер.