Документи и оружје – Косовската полиција кажа што запленила при апсењето на двајцата осомничени за шпионажа

од Илинка Илиоска
594 прегледи

Мухарем Ќерими и Бедри Шабани беа уапсени во средата под сомнение за шпионажа. Истите се осомничени дека соработувале со српската БИА. За овој случај косовската полиција соопшти дека истрагите започнале уште во 2023 година, а во средата на 5 јуни извршиле акција на две локации во градот Урошевац.

„ Косовската полиција во соработка со Косовската агенција за разузнавање и Специјалното обвинителство, по преземање истражни дејствија во врска со сомневањата за кривично дело шпионажа на 05.06.2024 година, изврши полициска акција за контрола на две локации во градот Феризај“, се вели во полицискиот извештај, пишуваат косовските медиуми.

При претресот на локацијата на двајцата осомничени машки лица од Косово, пронајдени се и како материјални докази одземени разни документи, компјутери, телефони, УСБ, ДВР, касети, оружје и муниција, маски, воени гас-маски и многу други докази. „Двајцата осомничени се приведени и со решение на обвинител се приведени“, соопштија од полицијата.

Во Кривичниот законик на Република Косово, кривичното дело шпионажа е дел од кривичните дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово.

Минималната казна за ова дело е 5 години затвор, додека максималната е 12 години

Слични содржини